Средба Сали - Улусој: Продлабочување на економската соработка и зголемување на турските инвестиции во земјата
- Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Како што информира Кабинетот на Сали, на средбата во Владата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес, при што беше истакната важната улога на Република Турција како членка на НАТО и нејзиниот придонес во зачувувањето на мирот и стабилноста како на регионално така и на глобално ниво, особено во делот на безбедноста.

На средбата се дискутирало и за можностите за продлабочување на економската соработка и зголемување на турските инвестиции во земјата, кои се очекува да се реализираат во наредниот период. мд/са/
Фото: Кабинет на министерот за европски прашања