• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Спасовски со претставници на групацијата за оружје при Стопанската комора

Средба на Спасовски со претставници на групацијата за оружје при Стопанската комора
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа средба со претседателот на Групацијата за оружје, екплозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена, Димитар Мангутов, на која претставниците на групацијата побарале да се разгледа можноста за предлог на нов Закон за оружје и Закон за експлозивни средства и пиротехника, како за и нов софтвер за набавка и продажба на оружје и муниција. Спасовски, информираат од МВР, на средбата најавил формирање на работна група во која ќе бидат вклучени преставници на Групацијата и од Ловечката федерација во изготвувањето на новиот Закон за оружје, како и на Законот за екплозивни средства и пиротехника. аа/сп/

Остани поврзан