• вторник, 05 ноември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со учесничките на олимпијадата по англиски јазик  „HIPPO“ 2023 во Рим

Средба на претседателот Пендаровски со учесничките на олимпијадата по англиски јазик  „HIPPO“ 2023 во Рим

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими трите ученички, учеснички на меѓународната олимпијада по англиски јазик  „HIPPO“ 2023, којашто се одржа во Рим.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ѝ честиташе на средношколката Ана Радеска од Скопје за освоеното прво место на олимпијадата во категоријата „Hippo 3”, како и на Катја Гогова од Богданци и Тамара Николовски од Битола, за постигнатите успеси и пласманот во финалето.

-Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека е особено горд што две години по ред ученици од земјава го освојуваат првото место на оваа меѓународна олимпијада. Тоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, е потврда за квалитетот којшто го поседуваат нашите ученици. Истовремено, ги охрабри и натаму да продолжат да ги надградуваат своите знаења и да постигнуваат уште поголеми меѓународни успеси, се наведува во соопштението.

Ученичките и нивните менторки, на средбата, посочија дека олимпијадата е одлична можност за промовирање на важноста и неопходноста од познавање на англискиот јазик, како и за зближување на младите од целиот свет, културно запознавање и унапредување на соработката помеѓу наставниците по англиски јазик.

Меѓународната олимпијада „HIPPO“ се организира од 2012-та година. Годинава на олимпијадата во Рим учествуваа повеќе од 80.000 натпреварувачи од над 50 земји во светот. дма/цр

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан