• сабота, 23 ноември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО
Скопје, 29 април 2021 (МИА) - Состојбите во културата, со акцент на оние што се поврзани со независниот културен сектор, беше во фокусот на разговорите на претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната он-лајн средба со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО. На средбата претставниците на Асоцијацијата, која во себе обединува 46 организации, неформални групи и поединци, го запознале претседателот Пендаровски со нивните проблеми, со активностите насочени кон обезбедување поширока видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор. Ги претставиле своите видувања за правците во кои се одвиваат културните политики и ја истакнаа потребата за обезбедување на стратешка и долгорочна поддршка за независната културна сцена, како и потребата за нивна вклученост во носењето на одлуки во однос на културните политики. Како што стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски, тие особено ја истакнале потребата за де-бирократизација на процесите при користењето на програмите во културата. Претседателот Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на независната културна сцена за поттикнувањето на демократизацијата во општеството, посочил на неговите заложби за јакнење на независниот културен простор преку спроведување на релевантни развојни политики. цр/дма/      

Остани поврзан