• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието, Гаши со шпанскиот амбасадор Гарсија

Средба на претседателот на Собранието, Гаши со шпанскиот амбасадор Гарсија

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со шпанскиот амбасадор, Хосе Луис Лозано Гарсија, на која изразил задоволство од посетата и подршката што нашата земја ја добива од Кралството Шпанија во процесот на евроинтеграција.

- Континуираното формирање Пратеничка група за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија придонесува во развивањето на севкупните односи помеѓу нашите две земји, стои во соопштението од собраниската прес-служба.

Гаши искажал благодарност за Програмата на стручна обука за службеници на нашето Собрание во Парламентот на Шпанија, што се организира секоја година. Во овој контекст, се додава во соопштението, соговорниците биле согласни дека соработката треба да се прошири и со заемни посети на парламентарни делегации, со што ќе се пренесат шпанските искуства кај нашите пратеници, но и на највисоко ниво - на претседатели на Парламенти.

Шпанскиот амбасадор упатил честитка за демократските избори и му посакал на Гаши успешен мандат на функцијата претседател на законодавниот дом.

- Недвосмислено ја изрази својата заложба и шпанската поддршка за нашата, пријателска и партнерска земја, во кој било сегмент, соопштија од Собранието на Република Северна Македонија. цр/дма/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан