• петок, 22 ноември 2024

Средба на претседателот на МД „Илинден“ за Голо Брдо со македонскиот амбасадор во Тирана

Средба на претседателот на МД „Илинден“ за Голо Брдо со македонскиот амбасадор во Тирана
Тирана, 7 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на огранокот на македонското друштво „Илинден“ за Голо Брдо, Фатри Фетаху оствари средба со македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, на која разговарале за положбата и проблемите на Македонците во Албанија. - На средбата го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа го актуелизирав прашањето за граничниот премин Требиште - Џепиште, што нашата област ја поврзва со Македонија, кај Дебар, а го запознав и со други проблеми со кои се соочува македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите на огранокот и друштвото во цели, изјави Фетаху за МИА. Тој посочува дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во областа Голо Брдо. - Многу отворено разговаравме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во областа Голо Брдо. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, рече тој. Фетаху му се заблагодарил на амбасадорот, за како што оценува, непосредната и срдечна средба.вт/фф/

Остани поврзан