• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателката на Уставниот суд Кацарска, со германската амбасадорка Холштајн

Средба на претседателката на Уставниот суд Кацарска, со германската амбасадорка Холштајн
Скопје, 28 јуни 2021 (МИА) - Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денеска оствари протоколарна средба со aмбасадорката на Сојузна Република Германија во државава, Анке Холштајн, на која, како што информираат, било разговарано за работата на Уставниот суд и проблемите со кои се соочува, како и за итната потреба од донесување посебен закон за Уставниот суд, со што би се остварила целосна финансиска и административна независност. На средбата, како што информираат од Судот, Кацарска ја запознала амбасадорката со надлежностите и работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како и за соработката со германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ, посочувајќи го огромното значење на проектот „Воведување на уставна тужба во Република Северна Македонија“  со акцент на унапредување на работата на Уставниот суд и носење на соодветна законска регулатива. Амбасадорката Холштајн, изразила оптимизам за идната соработка и подготвеност на Владата на Сојузна Република Германија преку Фондацијата ИРЗ и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, да го поддржи проектот за унапредување на работата на Уставниот суд, прилагодување на проектот кон потребите на Уставниот суд, особено во делот на воведувањето на уставната тужба. Кацарска, се вели во соопштението, ја запозна амбасадорката за актулните проблемите со кои се соочува Уставниот суд, за пополнување на испразнетите места на уставни судии, зголемување на работните простории за Судот, за итна потреба од донесување на посебен закон за Уставниот суд со што би се остварила целосна финансиска и административна независност на Судот, воздигнување на статусот на уставните судии, како и статусот на Стручната служба на Уставниот суд. На крајот на средбата, се вели во соопштението, Кацарска истакнала дека за време на нејзиниот мандат ќе се залага за подигнување на довербата на граѓаните во Судот, преку  целосно почитување на принципот на владеење на правото и носење на издржани одлуки, во согласност со Уставот и законите. аа/лв/

Остани поврзан