Средба на Османи и Маричиќ со Думон: Париз ја поддржува евроинтеграцијата на Скопје без да се губи време
- Франција и Северна Македонија ги имаат поставено европските перспективи на заедничка патека, создавајќи основа за изградба на постабилна, поефикасна и побезбедна Европа. За нас е многу важно
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на работната посета на Париз, денеска се сретнаа со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
- Франција и Северна Македонија ги имаат поставено европските перспективи на заедничка патека, создавајќи основа за изградба на постабилна, поефикасна и побезбедна Европа. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.
Османи додава дека „засилената економска и севкупна билатерална соработка, како и НАТО сојузништвото се дополнителни одредници за кои сме упатени едни кон други да соработуваме и да се поддржуваме“.
Предвидено е Османи и Маричиќ во Париз да остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон. нд/сп/