Средба на новата директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Лескаровска со Советот на Агенцијата
- На денешната средба, претседателот на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Аркан Керим и ја честиташе директорската позиција на м-р Јасмина Лескаровска. На почетокот од нејзиниот мандат еден од приоритетите е итно свикување на Советот на АППТ, со цел запознавање на членовите на Советот со затекнатата состојба во институцијата и годишниот план за работа, со силна волја за враќање на комуникацијата со туристичкиот сектор.
Скопје, 3 јануари 2024
Со големи очекувања за повторна соработка и консолидација, туристичкиот сектор и туроператорите за дојдовен туризам ја поздравија долгоочекуваната промена на директорската позиција во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и официјално ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија на владина седница одржана на 26.12.2023 го разреши Љупчо Јаневски од должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, поради истек на мандатот. На истата седница, Владата ја именуваше м-р Јасмина Лескаровска за вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
На денешната средба, претседателот на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Аркан Керим и ја честиташе директорската позиција на м-р Јасмина Лескаровска. На почетокот од нејзиниот мандат еден од приоритетите е итно свикување на Советот на АППТ, со цел запознавање на членовите на Советот со затекнатата состојба во институцијата и годишниот план за работа, со силна волја за враќање на комуникацијата со туристичкиот сектор.
Лескаровска во разговор со г-дин Керим потенцираше на несебична заложба и професионално прифаќање на предизвиците со кои се соочува Агенцијата за туризам. Не се сомнева дека со тимот вработени во АППТ повторно ќе ја стекне довербата кај туристичкиот сектор и ќе го врати авторитетот на институцијата, а со тоа ќе ја зајакне надлежноста утврдена согласно Статутот на Агенцијата за унапредување и континуирана соработка и поддршка на туристичката индустрија.
Приватниот туристички сектор го препознава професионализмот и залагањата на Лескаровска која долги години работи во АППТ, а на директорската функција доаѓа од Секторот за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни работи. Како личност, која со ентузијазам ја извршува својата работа, Лескаровска низ годините беше иницијатор за изработка на работни процеси во АППТ кои се од клучно значење за навремена и транспарентна реализација на планираните активности. Учествуваше во изработка на годишните планови за работа на АППТ како и финансиските рамки за реализација на програмските активности. Лескаровска несебично се залага за целокупно унапредување и функционирање на Агенцијата за туризам како водечка институција за промоција на туристичките дестинации и поддршка на туристичкиот сектор во развојот на туристички продукти за поголема конкурентност на државава.
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото АППТ Фејсбук