• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерпт Шаќири со британскиот амбасадор Лосон и директорката на Британскиот совет, Сиарс

Средба на министерпт Шаќири со британскиот амбасадор Лосон и директорката на Британскиот совет, Сиарс

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари средба со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, и со директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс.

Како што информира МОН, на средбата се разговарало за тековните состојби во националниот образовен систем, како и за заедничките активности кои двете страни ги реализираат во насока на подигнување на квалитетот на образованието во државата.

-Благодарен сум што Британскиот совет долги години е поддржувач на институционалните напори за поквалитетно образование кај нас и очекувам така да биде и во иднина. Особено ни значи поддршката за развој на дигиталните вештини кај младите, како и поддршката за подигнување на мотивацијата на наставниците и јакнењето на нивните компетенции, рече министерот Шаќири.

Амбасадорот Лосон и директорката на Британскиот совет Сиарс, наведува МОН во соопштението,  потврдија дека помошта од британската Влада е достапна затоа што ги согледуваат искрените заложби за градење што поквалитетни генерации на млади.

-Тие потсетија дека во тек се подготовки за организација на најголемиот светски собир на министри од областа на образованието и вештините, Светскиот образовен форум, што ќе се одржи оваа година во мај во Лондон. Воедно, упатија покана до министерот за Шаќири за присуство на манифестацијата каде се разменуваат искуства и се креираат насоки за идните образовни политики, информира Министерството за образование и наука. хс/аа/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан