Средба на министерот Тошковски со пакистанскиот амбасадор Модсар Чаудари
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со пакистанскиот амбасадор со седиште во Софија, чија надлежност ја покрива и Македонија, Модсар Чаудари.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со пакистанскиот амбасадор со седиште во Софија, чија надлежност ја покрива и Македонија, Модсар Чаудари.
Од МВР соопштија дека средбата била искористена за продолжување на разговорите за интензивирање на соработката во полето на безбедноста отпочнати за време на претходната средба со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Сајед Мохсин Раза Накви.
- Амбасадорот Чаудари уште еднаш ја потврди волјата на Министерството за внатрешни работи на Пакистан за потпишување на договор за реадмисија со македонското Министерство за внатрешни работи, што би било особено корисно за нас во борбата против нелегалната миграција како земја низ која транзитираат нелегални мигранти со пакистанско потекло. Воедно, се осврнавме и на постапката за потпишување на договор за полициска соработка, кој, меѓу другото, би опфаќал и соработка која би се реализирала преку Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи, потенцирал министерот Тошковски.
Ккао што стои во соопштението, двете земји и покрај географската оддалеченост имаат заедничка цел – обезбедување на безбедна средина за живот на своите граѓани со почитување на нивните права и во таа насока двете страни изразија подготвеност и желба за интензивирање на соработката. цр/ев/
Фото: МВР