• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Спасовски со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич

Средба на министерот Спасовски со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, на која присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство,  Метју Лосон, соопшти денеска МВР.На средбата од страна на министерот Спасовски беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за континуираната активна поддршка во справување со предизвиците и остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија што резултираше со членството во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ. Посебно, според Спасовски, максималната посветеност во градењето на партнерство резултираше со успешни реформски процеси на МВР и воопшто, на безбедносните служби, како и во делот на јакнење на капацитети на Министерството.-Специјалниот претставник за Западен Балкан, Пич, упатувајќи честитки за потпишаниот Договор со ФРОНТЕКС, кој е важен и за безбедноста во Европа, а особено имајќи го предвид фактот што беше потпишан на македонски јазик, ја потврди посветеноста во градењето на партнерски односи помеѓу Обединетото Кралство и Република Северна Македонија со желби и надежи за нивно зацврстување, особено имајќи ги предвид актуелните глобални предизвици, како руската агресија на Украина, енергетската криза, граничната, хибридните напади и сајбер безбедноста и сл., каде секој има потреба од сојузници, се вели во соопштението од МВР. Двајцата соговорници се согласија дека миграцијата е проблем и безбедносен предизвик, а бидејќи криминалот наоѓа нови патишта и форми, соработката во решавање на глобалните безбедносни предизвици е неопходна.-Поаѓајќи од фактот што двете држави делат слични предизвици, беше посочено дека главните цели кон кои се насочени напорите се зачувување на безбедноста на границите и граѓаните, но и хуманиот пристап кон бегалците. Притоа, министерот Спасовски го информираше специјалниот претставник на Обединетото Кралство околу историјатот на Договорот со ФРОНТЕКС, но и за 70 отсто зголемената откривачка функција на полицијата во делот на обидите за нелегално минување на границата од страна на мигрантите, кои најчесто ја користат јужната граница, велат од МВР. За време на средбата беше изразено задоволство од досегашната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, со заедничка увереност за нејзино проширување и зајакнување, како веќе докажани пријатели и партнери. сст/са/

Остани поврзан