• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Перински со градоначалникот на Лајонс во Илиноис, САД

Средба на министерот Перински со градоначалникот на Лајонс во Илиноис, САД

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имал средба со Кристофер Гети, градоначалник на Лајонс, Илиноис, САД, на која размениле искуства за реализација на иновативни проекти на локално ниво.

-Министерот Перински истакна дека Македонците во САД се важна алка за соработка и секоја можност за продлабочување на соработката на сите нивоа е исклучително корисна.  Градоначалникот Гети истакна дека во Лајонс живеат околу 4000 Македонци, а неговиот мандат како градоначалник од 2009 година го одбележуваат и проекти за мултикултурализам и целосна интеграција во локалната заедница на припадниците на различните етнички групи, соопшти Министерството за локална самоуправа. 

На средбата се разговарало и за можностите за проширување на соработката на локално ниво. Притоа била истакната потребата од размена на искуства за реализација на поголеми иновативни проекти, кои  имаат влијание на унапредување на условите за живеење во општините и коишто отвораат нови можности  за развој на локалните заедници и за граѓаните.

-Министерот Златко Перински му се заблагодари на градоначалникот Гети за можностите што ги имаат Македонците што живеат во Лајонс, Илиноис, како и за неговата грижа за нивната интеграција во заедницата. Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од остварените контакти и од пројавените иницијативи за продолжување на соработката, којашто има перспектива да се развива на различни нивоа и во различни области, пред сѐ преку размена на искуства и добри пракси за реализација на капитални проекти, се наведува во соопштението. хс/дма/

Фото: Министерство за локална самоуправа

Остани поврзан