• вторник, 24 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со српската амбасадорка Јовановиќ

Средба на министерот Мисајловски со српската амбасадорка Јовановиќ

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ и со одбранбеното аташе, полковникот Небојша Ѓорѓевиќ, на која било изразено задоволство од развојот на билатералната одбранбена соработка.

-Заедничкото партиципирање во регионалните иницијативи, СЕДМ, Балканските медицински наменски сили, Б-9 иницијативата на началниците на Генералштаб, Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, се од заеднички интерес за двете земји во насока на одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност која е од приоритетно значење, беше потенцирано до страна на двајцата соговорници, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

На средбата се разговарало и за проширување на соработката која во моментов опфаќа школување, обука и стручно оспособување, размена на искуства во делот на цивилно воената соработка.

Министерот Мисајловски упатил благодарност за несебичната помош од страна на Србија со упатување на тимови и воздухоплов за справување со огнената стихија, но и за помошта која изминативе години Србија ни ја дава. дма/нд/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан