Средба на министерот Дурмиши со швајцарскиот амбасадор Зомер: Фокус на инвестиции и економска соработка
- Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши остварил работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, на која биле разгледани можностите за продлабочување и унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.
Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши остварил работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, на која биле разгледани можностите за продлабочување и унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

На средбата, како што информираа од Министерството за економија и труд, посебен акцент бил ставен на зголемување на трговската размена, поттикнување на швајцарските директни инвестиции, како и на унапредување на соработката во областа на одржливиот економски развој и креирањето нови работни места.
Министерот истакнал дека, и покрај добрите политички и дипломатски односи меѓу двете земји, постои значителен неискористен потенцијал за поинтензивна економска соработка, особено во производството, индустријата, иновациите и зелената економија.

Во тој контекст, била нагласена важноста од промоција на поволната бизнис-клима во Северна Македонија и можностите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони за странските инвеститори. дма/сст/
Фото: Министерството за економија и труд