• вторник, 26 ноември 2024

Средба на директорот на Царинската управа со Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Германија

Средба на директорот на Царинската управа со Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Германија

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Зајакнување на капацитетите за царински контроли во насока на подобрување на безбедноста на границите и сузбивање на криминалот и корупцијата, биле дел од темите на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Република Германија, кој покрај за нашата држава, задолжен е и за Бугарија и Романија.

За време на состанокот, соопштија од Царинската управа, потенцирана била успешната соработка меѓу царините на двете земји, особено во делот на истрагите и царинските контроли, како и во делот на обуките и подобрување на стручноста на човечките капацитети во службата.

- Во периодот што следи максимално ќе се фокусираме на борбата против организираниот криминал, шверцот и подобрување на мерките во борбата против корупцијата, истакнал директорот Николовски и изразил подготвеност за продлабочување на соработката преку непосредна комуникација и размена на искуства. цр/бак/

Фото: Царинска управа

 

 

Остани поврзан