• среда, 27 ноември 2024

Средба на директорот на ТИРЗ Деспотовски со тимот на Македонија 2025

Средба на директорот на ТИРЗ Деспотовски  со тимот на Македонија 2025

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски оствари средба со еден од основачите на меѓународната невладина организација Македонија 2025, Мајк Зафировски, претседател на Заф групацијата, и членовите на бордот Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на МК2025, Живко Мукаетов извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид и Виктор Мизо, директор на Костал Македонија.

- Целта на средбата беше унапредување на соработка во делот на поттикнување и привлекување странски инвестиции во земјава и мобилизација на поддршката од етаблираните членови на организацијата во глобални бизнис рамки. На средбата се разговараше за конкретни можности за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности, соопшти Дирекцијата на ТИРЗ.

Деспотовски им се заблагодари за досегашниот придонес на Македонија 2025 за поддршката и промоцијата на земјата како инвестициска дестинација. Директорот на ТИРЗ, меѓу другото го презентираше и новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за странски инвеститори со фокус на напредни технологии. Тој нагласи дека предноста на Северна Македонија како мала земја е тоа што поблиску се фокусира на реалните потреби на инвеститорите и креира соодветна поддршка.

Зафировски нагласи дека како организација се генерално подготвени да помогнат, како и дека е важно да имаме силни домашни компании, но и странски инвестиции и јасна визија за раст како главен приоритет.

Главна мисија на меѓународната невладина организација Македонија 2025, е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост. лв/сп/

фото Дирекција на ТИРЗ 

 

Остани поврзан