• недела, 22 декември 2024

Средба на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за финансиска полиција

Средба на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за финансиска полиција

Скопје, 9 октомври 2024

Директорот на Биро за јавна безбедност, Александар Јанев оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на која разговараа за тековните активности на двете институции. На средбата беше анализирана и можноста, но и потребата од интензивна соработка во насока на заедничко делување при одредени активности.

„Ме радува фактот што Министерството за внатрешни работи покажува волја и интерес да соработуваме и да се координираме за постапување по одредени предмети. Неспорно е дека експертизата и искуствата од МВР би ни билe од голема корист. Се заложивме во иднина да иницираме и заеднички да организираме обуки со цел користење и размена на најдобрите практики“, посочи директорот Ивановски.

Првиот човек на БЈБ, Јанев, изрази задоволство од иницијативноста за соработка и подготвеност за размена на искуства од страна на Управата за финансиска полиција.

„Несомнено е дека воспоставување потесна соработка меѓу нашите институции во голема мера ќе вроди со плод. И двете институции делуваат во справување со финансиски криминал кој ги поткопува темелите на нашата држава. Со заеднички сили и координирани акции ќе можеме навремено и полесно да реагираме“, изјави Јанев по средбата.

И двајцата беа согласни дека денешната средба е показател за сплотеноста на институциите чие заедничко делување би имало ефект во остварување на заедничките цели, стратешки приоритети во насока на владеење на правото и борбата на криминалот од областа на финансиите.

Министерство за внатрешни работи

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан