• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Груби со новиот француски амбасадор Бомгартнер

Средба на Груби со новиот француски амбасадор Бомгартнер
Скопје, 20 ноември 2020 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со новиот амбасадор на Франција, Сирил Бомгартнер, на која освен за интензивирање на билатералната соработка, било разговарано и за првата меѓу владина конференција со надеж дека таа ќе се одржи во декември, како што беше планирано со Брисел. Груби, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата на својот соговорник му нагласил дека Република Северна Македонија во последните години има направено значителен напредок кон воспоставување и почитување на европските вредности и дека земјата ќе продолжи да се движи во иста насока и во иднина. Граѓаните на нашата земја дадоа големи напори за нашиот заеднички евроатлантски сон и затоа заслужуваат да ја видат и почувствуваат наградата и солидарноста од Европската Унија. Груби, се вели во соопштението, посочил дека сите достигнувања на нашата земја се постигнати во соработка со нашите меѓународни партнери и затоа ја истакнал потребата за помош од Европската унија со цел да се надмине непотребната ситуација создадена со Бугарија. Исто така, за време на средбата биле разгледани и конкретните чекори преземени со цел интензивирање на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Франција и зголемување на економската соработка меѓу нашите две земји. Груби и Бомгартнер, се вели во соопштението, разговарале и за преземените мерки во врска со здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19, како и за најдобрите начини за закрепнување од оваа ситуација што ги зафати нашите две земји, но и целиот свет. аа/сп/

Остани поврзан