Средба на градоначалникот Тони Коњановски со Елена Димушевска од НМ „Глас против насилство“
- Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ денеска остварија работна средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“, Елена Димушевска.
Битола, 9 март 2026 (МИА) - Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ денеска остварија работна средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“, Елена Димушевска.
На средба во Битола се разговараше за продолжување на досегашната соработка и овозможувањето поголема грижа за жртвите на семејно насилство, информираа од локалната самоуправа.
-Општина Битола продолжува да обезбедува континуирана финансиска поддршка од еден милион денари за советувалишниот центар за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, се со цел непречено функционирање на центарот, каде што жртвата добива прихолошка поддршка, кариерно советување и правна помош. Националната мрежа „Глас против насиство“ ќе раководи со советувалишниот центар согласно стандардите за работа на советувалишните центри за жртви на семејно насилство усвоени од Министерството за труд и социјална поликтика, посочија од Општина Битола и потврдија дека Центарот во Битола има нова локација на улицата „Пеце Матичевски“ бр. 77/1.
Општина Битола во рамки на програмите за спречување на родово-базирано насилство, како дел од пошироките иницијативи за заштита на жените и децата, овозможува едукација и сензибилизација на јавноста, обуки за службениците, како и соработка со НВО и други институции за обезбедување помош и поддршка на жртвите. мт/дма/
Фото: Општина Битола