• недела, 07 јули 2024

Средба на градоначалникот Стефковски со турскиот амбасадор Секизќок

Средба на градоначалникот Стефковски со турскиот амбасадор Секизќок

Скопје, 9 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска се сретна со амбасадорот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок.

Како што информираат од прес-службата на Општина Гази Баба, Стефковски на средбата изразил сочувство до турскиот народ за големиот број загинати, повредени и големата материјална штета што настана како последица на земјотресот што ја погоди Турција.

- Дополнително на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок му понудивме и други форми на помош кои општина Гази Баба може да ѝ ги понуди на турската држава. Општина Гази Баба негува пријателски однос со турскиот народ и тоа ќе продолжи така и во иднина, посочуваат од општината.

По средбата со турскиот амбасадор, Стефковски ја посетил Амбасадата на Турција каде што се потпишал во отворената книга на жалост. фф/бак/

Остани поврзан