• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на градоначалникот Герасимовски со осум стипендистки од основните училишта во Центар

Средба на градоначалникот Герасимовски со осум стипендистки од основните училишта во Центар

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретнал со осум стипендистки од осум основни училишта во Центар, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката - 11 Февруари. 

Како што соопшти Општина Центар, Герасимовски и стипендиските на средбата разговарале за постигнувањата во природните науки, за образованието, како и за препораките за некористење  мобилни телефони за време на наставата. 

Герасимовски изразил задоволство што ги запознал и поразговарал со  добитничките на највисоката наградата  за наука што ја доделува Општината - „Феникс“.

-Вие сте нашите стипендистки, нашата иднина и гордост во државата и ние како локална самоуправа ќе инвестираме во вашето знаење и во што поквалитетни генерации. Огромна благодарност до наставниот кадар за сето она што го работат, за целиот труд и посветеност кон вас учениците, што придонесуваат од овие училишни клупи да излезат што поквалитетни и подобри генерации. Бидете упорни, вложувајте во себе, правете го тоа што го сакате, јас сум сигурен дека ќе успеете во соновите што ги сонувате, рекол Герасимовски. 

Наставниот кадар и учениците, посочува Општина Центар, ја поздравиле мерката за одземање на мобилните телефони за време на наставата.

-Тие потенцираат дека учениците се пофокусирани и активни на часовите. Општина Центар е првата општина во државата што препорача да не се употребуваат мобилни телефони за време на наставниот процес, наведува Општината во соопштение. хс/цр

Фото: Општина Центар 

Остани поврзан