Средба на високи претставници на САД и Кина во Вашингтон
- Американскиот помошник државен секретар за Источна Азија и Пацифик Даниел Критенбринк се сретна со кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Веидонг во Вашингтон, објави Стејт департментот.
Вашингтон, 29 септември 2023 (МИА) - Американскиот помошник државен секретар за Источна Азија и Пацифик Даниел Критенбринк се сретна со кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Веидонг во Вашингтон, објави Стејт департментот.
Како што се наведува, двајцата разговарале за регионални прашања, вклучувајќи ги Бурма, Северна Кореја и поморските прашања, при што Критенбринк ја истакнал важноста за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.
Американскиот помошник државен секретар исто така ја истакна важноста на слободен, отворен и просперитетен индо-пацифички регион.
Во соопштението на американското Министерство за надворешни работи се додава дека разговорот бил искрен, детален и конструктивен.
Средбата уследи по неодамнешниот состанок на државниот секретар Ентони Блинкен и кинескиот потпретседател Хан Женг во Њујорк. паг/
Фото: МИА архива