• сабота, 06 декември 2025

Средба на верските заедници и високообразовните верски институции

Средба на верските заедници и високообразовните верски институции

Скопје, 9 октомври 2025 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска во Клубот на пратениците организира настан „Едно поинакво кафе“.

Настанот е замислен како неформална средба на верските лидери и претставници на високообразовните верски институции со цел поттикнување на меѓусебен дијалог, доверба и разбирање меѓу различните верски заедници во земјата.

- „Едно поинакво кафе“ претставува можност за размена на идеи, искуства и визии за унапредување на општествената кохезија и соработката меѓу духовните и образовните институции. Со овој настан, КОВЗРГ продолжува со својата мисија да гради отворено и инклузивно општество, во кое верските заедници придонесуваат кон заедничките вредности на толеранција, почит и солидарност, велат организаторите. бак/лв/

Фото: Комисија за односи со верските заедници

Остани поврзан