• среда, 17 јули 2024

Средба Муцунски - Прескер

Средба Муцунски - Прескер

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, било изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, а биле разменети и мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во Регионот.

-Во разговорите, особен фокус беше ставен врз процесот на интеграција во Европската Унија, при што министерот Муцунски упати благодарност за силната и недвосмислена поддршка од Словенија. Воедно, беше нагласено дека нашето членство во ЕУ е значајно и од аспект на зајакнување на регионалната и европската стабилност, се вели во соопштението од МНР. 

На средбата било потврдено дека Република Словенија останува исклучително важен партнер, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата.

Воедно, била поздравена и соработката во НАТО Алијансата, како и во рамки на останатите меѓународни организации. сст/ац/

Фото: МНР

Остани поврзан