• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски - Санчез: Шпанија силно стои зад Северна Македонија за членство во ЕУ

Ковачевски - Санчез: Шпанија силно стои зад Северна Македонија за членство во ЕУ

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - На маргините на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со домаќинот на Самитот, шпанскиот премиер Педро Санчез, при што разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, и во регионот на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, го запозна шпанскиот премиер Санчез со најновите внатрешно-политички состојби во државата и се заблагодари за севкупната поддршка од Шпанија која низ годините се покажа како важен партнер на билатерален план и поддржувач во аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Ковачевски ја истакнал важноста на улогата на Шпанија во ратификацијата на пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.

Премиерот Санчез истакна дека поддршката на Шпанија кон Северна Македонија ќе продолжи да биде силна сè до остварувањето на крајната цел, членството на Северна Македонија во ЕУ, стои во соопштението на владината прес-служба. нд/

Остани поврзан