Средба Ердоган – Абас во Истанбул
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави агенцијата Анадолија.
![Средба Ердоган – Абас во Истанбул](https://new.mia.mk/images/20221107230047_big_730x400_43.webp )
Истанбул, 10 јули 2021 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави агенцијата Анадолија.
Средбата, која траела еден час и 45 минути, се одржала во палатата „Вахдетин“ во Истанбул.
Состанокот беше затворен за медиумите, а по него двајцата лидери преминаа на меѓуделегациска средба, информира Анадолија. јт/