Средба Гаши - Бурита: Унапредување на односите со Мароко, со посебен фокус на економската соработка и туризмот
- -Претседателот Гаши го реафирмираше интересот на Северна Македонија за укинување на визите со Мароко, како чекор кон олеснување на комуникацијата, економската размена и туризмот. Особено нагласувајќи ги можностите за соработка во областите на економијата, земјоделството, туризмот, енергетиката, образованието и младинската размена. Министерот Бурита, од своја страна, ја истакна подготвеноста на Кралството Мароко за унапредување на односите, со посебен фокус на економската соработка, туризмот и парламентарната дипломатија, соопшти прес-службата на Собранието.
Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита.
Собраниската прес-служба информира дека средбата претставувала „продолжение на пријателскиот дијалог меѓу двете земји, со фокус на унапредување на институционалната и севкупната билатерална соработка“.

-Претседателот Гаши го реафирмираше интересот на Северна Македонија за укинување на визите со Мароко, како чекор кон олеснување на комуникацијата, економската размена и туризмот. Особено нагласувајќи ги можностите за соработка во областите на економијата, земјоделството, туризмот, енергетиката, образованието и младинската размена. Министерот Бурита, од своја страна, ја истакна подготвеноста на Кралството Мароко за унапредување на односите, со посебен фокус на економската соработка, туризмот и парламентарната дипломатија, соопшти прес-службата на Собранието.
На средбата била истакната заложбата за формирање група за парламентарна соработка меѓу Северна Македонија и земјите од Северна Африка, „како трајна парламентарна платформа за дијалог и заеднички иницијативи“.

-Соговорниците ја oценија средбата како значаен чекор во јакнењето на билатералните односи и отворање ново поглавје во пријателството меѓу Република Северна Македонија и Кралството Мароко, се додава во соопштението. хс/дма/
Фото: Собрание на Република Северна Македонија