• понеделник, 23 декември 2024

Средба Брегу-Вархеји во Брисел

Средба Брегу-Вархеји во Брисел
Брисел, 31 јануари 2020 (МИА) – Годинава е клучна за регионот и взаемните односи на Европската унија и Западен Балкан, но и за непречен економски раст, рече генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу на средбата во Брисел со еврокомесарот за соседство и политика на проширување Оливер Вархеји. - Советот за регионална соработка останува сигурен партнер на Европската унија во регионот, но и на регионот во ЕУ. Сите ние имаме големи надежи и очекувања во однос на новите, позитивни чекори напред за време на хрватското претседателство со ЕУ и од претстојниот самит во март. Суштината на овој процес е заеднички да се работи на јасно дефинирани програми насочени кон заедничка цел, а тоа е посилна и поцелосна Европа, рече Брегу на состанокот. Комесарот Вархеји ја истакна важноста на регионалната соработка на Западен Балкан за забрзување на економскиот развој и европските интеграции. За време на службената посета на Брисел Брегу се сретна и со еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование, млади и спорт Марија Габриел, а заедно со својот тим присуствуваше на редовен состанок на Работната група за регионот на Западен Балкан на кој се разговараше за односите на Европската унија со регионот. јт/

Тагови

Остани поврзан