• понеделник, 25 ноември 2024

Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел

Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел

Тирана, 27 јуни 2023 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама од Брисел, упати апел до лидерите на Косово и Србија да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела во Брисел, јави албанската државна агенција, АТА.

- Разговаравме и за дијалогот за мир во Приштина. Ви благодариме господине премиере за вашите напори и посветеност да се најде решение. Јасно кажав вчера, во Луксембург, дека страните мора да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела, во Брисел,  рекол Борел.

Високиот претставник на ЕУ истакнал и дека ваквата состојба бара преземање мерки брзо и веднаш.

-Оваа ситуација бара од нас да преземеме мерки брзо, итно. Земјите-членки се согласуваат со оваа итност и го губат трпението пред оваа ситуација која е се полоша и полоша и бара итна интервенција, додал Борел.

Високо оценувајќи ја  посветеноста и поддршката на премиерот Рама за дијалогот што се одвива на Косово додал "среќен сум што работиме со вас". 

- Да се направи се за стабилноста на регионот, но во исто време и занапредокот затоа што сме дел од регион кој многу страдаше во минатото, што не може да има друга неповолна положба и во овој регион настаните се тесно поврзани едни со други. Не можеме да гледаме во нашиот дом, нашиот праг, да си ја вршиме домашната задача без да земеме предвид што се случува со соседните земји и какви поразителни ефекти може да има ескалацијата на ситуацијата не само за Косово и Србија, туку и за регионот,  рекол Рама додавајќи дека го дели истиот став со Борел.

Обраќајќи  му се директно на Борел, Рама изјавил дека „ти самиот спомна дека тоа е итна ситуација и ние сме целосно посветени да работиме со вас, со сите наши сојузници за да не дозволиме оваа ситуација негативно да влијае на регионот“.

- Направивме многу работи со берлинскиот процес, постигнавме голем напредок со нашите иницијативи, не можеме да дозволиме целиот замок што досега го изградивме да се урне од таков апсурден развој, кој се заснова на такви апсурдни тврдења, рече Рама.

Рама понатаму нагласил дека се чувствува добро кога слуша добри зборови за процесот на скрининг, како резултат на реформите.

- Разговорот што го имавме заедно беше многу корисен момент, ми беше задоволство да разговарам со претседателот на Комисијата и пред средбата со претседателот на Советот на Европа. Се разбира, овој разговор беше многу охрабрувачки или фактот дека слушаме добри зборови за работата што Албанија ја направи во процесот на скрининг и во сите преземени реформи. Ќе ја продолжиме работата и навреме сме подготвени да го направиме следниот чекор, порачал Рама. вт/сд/

 

Фото: Влада на РА

Остани поврзан