• недела, 22 декември 2024

Средба Блинкен - министри за надворешни на Г-7 за подршка и обнова на енергетскиот систем на Украина

Средба Блинкен - министри за надворешни на Г-7 за подршка и обнова на енергетскиот систем на Украина

Вашингтон, 21 ноември 2023 (МИА) Државниот секретар Ентони Блинкен денеска одржа средба со министрите за надворешни работи на Г-7 на која кодомаќин беше јапонскиот министер Ивао Хори, а на која се реафирмираше колективната подршка за обнова и одбрана на енергетскиот сектор на Украина во време кога земјата трпи напади од Русија чија цел е оштетување на критичната инфраструктура. 

Блинкен и неговите колеги изразија пофалби до народот на Украина „за храброста, издржливоста и непоколебливост во речиси 18 месечните варварска напади на Русија врз енергестката инфраструктура на Украина и неправедните напади против народот на оваа земја“, се вели во денешното соопштение. 

-Групата ги разгледа испораките на критична инфраструктура вклучувајќи високонапонските автотрансформатори и електро системи за резервна подршка, од кои што  Украина има потреба за стабилизација на својата електрична мрежа и обезбедување продолжителни услуги како греење и обработка на водата.  

Во соопштението денеска се истакнува дека партнерите се заложиле да ги подржат и забрзат дополнителната критични потреби на енергетскиот сектор, одбрана на постоечкиата инфраструктура и хуманитарна помош за деминирање за да се изведе ремонт. 

Подршката на Г-7 за енергетската инфраструктура на Украина е заснована на заклучоците од Конференцијата за обнова на Украина во Лондон од 2023 година, а во пресрет на КОП-28 и УРЦ 2024 во Берлин, со што партнерите од Г-7 ја прифаќаат визијата на Украина за изградба на подецентрализиран, отпорен и почист енергетски ситем целосно интегриран со Европа. кб/ 
фото ЕПА

Остани поврзан