• петок, 22 ноември 2024

Средба Битиќи - Габриел: Изградбата на пругата на Коридорот 8 е од исклучително значење за земјава и за регионот

Средба Битиќи - Габриел: Изградбата на пругата на Коридорот 8 е од исклучително значење за земјава и за регионот

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) -  Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава. Битиќи ја истакна важноста за изградбата на пругата на Коридорот 8 како исклучително значајна за нашата економија, но и за земјите од регионот и ја потенцираше потребата од финансиското заокружување на овој проект.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата, Битиќи и Габриел направија преглед на тековните подготовки за продолжување на инвестициската и советодавна поддршка која ЕИБ и ја дава на Северна Македонија, но и за дополнителната програма за инвестиции и техничка помош од 100 милиони евра за македонските мали и средни претпријатија која е во почетната фаза и која може веднаш да биде активизирана штом го одобри Собранието.

Габриел го информираше вицепремиерот Битиќи и за подготовките за последната делница од железничкиот коридор VIII/исток кои сега влегуваат во завршна фаза.

Битиќи и Габриел на состанокот потенцираа дека соработката меѓу ЕИБ и Владата на Северна Македонија е од конкретна корист за развојот на Северна Македонија, бидејќи  како долгогодишен партнер на земјата, ЕИБ има инвестирано околу 1,1 милијарди евра во Северна Македонија од 1991 година, главно да ја поддржи клучната транспортна инфраструктура и да помогне да се обезбеди снабдување и безбедност со енергија. сх/дма/

Фото: Влада

Остани поврзан