• петок, 22 ноември 2024

Сребрен медал за Столе Смилковски на третиот ден од ЕП во карате

Сребрен медал за Столе Смилковски на третиот ден од ЕП во карате
Тампере, 22 август 2021 (МИА) – Македонскиот каратист Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 кг за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска. Смилковски во финалето загуби од Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против Естонецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од Швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи Хусеин Мамадли од Азербејџан со резултат 4:1 а во полуфиналето и Русинот Егор Пулкин со 2:0. Од другите македонски репрезентативци, Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по 2 победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место. Со тоа успешно заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 на кое македонските репрезентативци освоија четири медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен. зс/ 

Остани поврзан