• вторник, 05 ноември 2024

„Србија против насилство“ напиша писмо до институциите на ЕУ: Не ги признавајте изборите во Србија, покренете меѓународна истрага

„Србија против насилство“ напиша писмо до институциите на ЕУ: Не ги признавајте изборите во Србија, покренете меѓународна истрага

Белград, 21 декември 2023 (МИА) - Изборнaта листа „Србија против насилството“ испрати писмо до европските институции и бараат да не ги признаваат резултатите од парламентарните, покраинските, а особено од локалните избори во Србија, додека не заврши целосната меѓународна истрага за изборните нерегуларности.

Во писмото се наведува дека „Србија против насилството“ не ги прифаќа и нема да ги прифати резултатите од изборите одржани на 17 декември 2023 година.

Од претставниците на европските демократии се бара да започнат „целосна меѓународна истрага за изборните нерегуларности под покровителство на ОБСЕ, Советот на Европа и Европската комисија, со посебен акцент на изборите за градското собрание на Белград“.

Крајниот рок за поднесување на независниот извештај треба да биде 15 февруари, велат од СПН.

Формирање на Меѓународен комитет за верификација под покровителство на Европскиот парламент, со учество на сите четири главни политички групи (ЕПП, СД, РЕ и Зелените/ЕФА) и четирите водечки изборни листи во Србија (СНС, СПН, СПС и НАДА), исто така се бара, на паритетна основа.

Комисијата треба да го провери спроведувањето на сите препораки три месеци пред датумот на изборите, а новите избори за градското собрание на Белград мора да се поклопат со претстојните редовни локални избори, наведува „Србија против насилството“.

Писмото е упатено до претседателите на Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија, членовите на ЕП, претседателите на комисиите за надворешни работи на парламентите на земјите членки на ЕУ, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедноста, колеџот на комесари и претставници на земјите-членки.

Писмото го потпишаа лидерите на ДС Зоран Лутовац, Еколошки опстанок Александар Јовановиќ Ќута, Партијата на слободата и правдата Драган Ѓилас, Зелениот левичарски фронт Билјана Ѓорѓевиќ и Радомир Лазовиќ, Движењето на слободни граѓани, Движењето на Србите на народот Павле Грбовиќ, Центар Здравко Понош и Зајдено Небојша Зеленовиќ и Билјана Стојковиќ.

Како примери за злоупотреби пред изборите, на денот на гласањето и по затворањето на гласачките места, СПН наведува „недвосмислени докази за купување гласови“.

„Доколку Европската унија ја пропушти оваа можност да ја изрази својата поддршка за граѓаните на Србија кои бараат демократија и основни европски вредности во овој критичен момент, секоја перспектива за демократска и европска Србија како идна земја-членка на ЕУ ќе биде огромен удар“, се наведува во писмото.зш/

Остани поврзан