• сабота, 16 ноември 2024

Србија очекува дневно околу 4.000 заболени од Ковид

Србија очекува дневно околу 4.000 заболени од Ковид
Белград, 16 јули 2022 (МИА) - Зоран Бекиќ, член на Кризниот штаб и директор на Здравствениот дом „Савски венец“, процени дека следната недела во Србија може да се очекуваат дневно околу 4.000 лица да бидат заразени со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. - Бројките повторно почнаа да растат, сите сме свесни за тоа. На почетокот на јуни имавме по 300 заразени пациенти дневно, а сега таа бројка е некаде околу 2.500 и повеќе. Секоја недела се зголемува бројот на заболени за 50 отсто, изјави Бекиќ за РТС. Тој додаде дека се зголемува бројот и на заразени деца и наведе дека во јуни неделно со коронавирусот се заразувале едно до две деца, а сега приближно по две или три дневно, а во петокот имало четири заразени деца. Според него, сега има околу 200 хоспитализирани пациенти, но вели дека секој ден има зголемен број на примени во однос на отпуштањата. - Ако го погледнеме таквиот тренд, сигурно е дека во следните неколку недели може да достигнеме дури и четирицифрени бројки за хоспитализирани пациенти. Веќе следната недела може да се очекуваат околу 4.000 новозаболени на дневна основа, рече Бекиќ. Според него, најчесто се заразени работоспособното население и младите, а симптомите се треска, болки во грлото, коските, мускулите, кашлица, но во последните денови се забележани и некои потешки клинички слики. об/паг/

Остани поврзан