• вторник, 02 јули 2024

Србија на трето место во светот по оружје во рацете на цивили

Србија на трето место во светот по оружје во рацете на цивили

Белград, 3 мај 2023 (МИА) -  Белградска Н1 соопшти дека според податоците од швајцарскиот истражувачки проект Small Arms Survey од 2018 година Србија се наоѓа на третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивилите.

-Соодносот на Америка од 120,5 огнено оружје на 100 жители, во однос на 88 на 100 во 2011 година, далеку го надминува оној на другите земји во светот. Во Србија таа бројка е 39,1 на 100 жители, пишува Н1. об/сд/

Остани поврзан