• понеделник, 23 декември 2024

Србија: До осум часот утринава пријавени над 395 илјади деца за државна помош од 10.000 динари

Србија: До осум часот утринава пријавени над 395 илјади деца за државна помош од 10.000 динари

Белград, 21 август 2023 (МИА) - Од вчера на полноќ, кога почна аплицирањето во Србија за еднократна помош од 10 илјади динари, до утринава во осум часот, 235.295 родители регистрирале 395.768 деца, соопштија за белградски медиуми од Министерството за финансии. 

Право на државна помош има секое дете кое е државјанин на Србија до 16 години, како и децата родени по 21 ноември 2006 година. Пријавувањето на децата започна на 20 август и трае до 20 септември, а се врши електронски. 

Право на парична помош од десет илјади динари има мајката на детето и исклучок таткото, старателот или згрижувачот под условите пропишани со соодветното законско решение кое стапи во сила на 1 август.  

Парите ќе бидат уплатени на сметките на пријавените во периодот од 25 септември до 1 октомври. Како што изјави претходно вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали, за тие цели во буџетот на Србија се издвоени околу 12 милијарди динари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан