• недела, 22 декември 2024

Србија го изгради четвртиот модерен фудбалски стадион, планирани уште толку

Србија го изгради четвртиот модерен фудбалски стадион, планирани уште толку

Заечар, 19 октомври 2023 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ во придружба на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, денеска во Заечар свечено го отворија четвртиот модерен стадион изграден во последните неколку години во Србија со буџетски средства и донации од УЕФА.

„Ова е Заечар, не сте во Лондон. Никој не веруваше кога го поставувавме камен – темелникот на оној дожд. Сега имаме четири прекрасни, нови стадиони, во Заечар, Лесковац, Лозница и Бачка Топола, а следуваат Ниш, Крагуевац, Нови Сад и Националниот стадион (во Белград)“, изјави на свеченоста Вучиќ.

Стадионот „Краљевица“ во Заечар е изграден според највисоките стандарди на УЕФА, со капацитет од 8.168 места, а за целиот проект се потрошени околу 28 милиони евра.

„Мило ми е кога ја гледам оваа прекрасна инфраструктура и што прв ат во животот сум во овој дел од Србија. Мило ми е што и овие делови од Србија добиваат вистинска спортска инфраструктура“, рече Чеферин. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан