• петок, 22 ноември 2024

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин

Струмица, 30 јануари 2024 (МИА) - П.С. (67) од Србија, кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот.

Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија вчера во 10:30 часот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан