• петок, 22 ноември 2024

Србинот Аврамовиќ најдобар дефанзивец на олимпискиот кошаркарски турнир

Србинот Аврамовиќ најдобар дефанзивец на олимпискиот кошаркарски турнир


Минхен, 11 август 2024 (МИА) – Српскиот кошаркарски репрезентативец Алекса Аврамовиќ е прогласен за најдобар одбранбен играч на Олимпискиот турнир, соопшти денеска ФИБА.
Аврамовиќ имаше просек од 3,4 украдени топки по натпревар, а во дуелот за бронзениот медал против Германија имаше четири украдени топки.
Српскиот кошаркар на олимпискиот турнир имаше вкупно 10 украдени топки, а на теренот мина во просек по 19,9 минути по натпревар.
Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, откако во саботата ја совлада Германија со 93-83. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан