• понеделник, 23 декември 2024

СП 2022: Невладини организации бараат спонзорите да ги обесштетат странските работници

СП 2022: Невладини организации бараат спонзорите да ги обесштетат странските работници
Катар, 20 септември 2022 (МИА) - Неколку невладини организации за заштита на човековите права ги повикаа денеска спонзорите на претстојното Светско фудбалско првенство да им платат отштета на работниците кои биле ангажирани на изградба на објектите за потребите на Мундијалот во Катар. Како причина за барањето организациите ги наведоа злоупотребата на работниците и тешките услови за работа. Невладините организации редовно ги критикуваат условите за работа на работниците мигранти ангажирани на градилиштата во Катар. Од вкупно 14 корпоративни партнери на ФИФА, досега само Кока-Кола, Адидас, Мекдоналдс и АБ Инбев се обврзаа да исплатат паричен надомест за странските работници во Катар. - Останаа уште само два месеци до почетокот на турнирот и спонзорите би требало да го искористат своето влијание за да извршат притисок врз ФИФА и Катар да ги исполнат своите обврски кон работниците, изјави Минки Ворде, директорка во Хјуман Рајтс Воч. ег/ми/

Остани поврзан