• петок, 22 ноември 2024

СПЦ ја одобри и благослови афтокефалноста на МПЦ-ОА

СПЦ ја одобри и благослови афтокефалноста на МПЦ-ОА
Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Патријархот Порфириј по денешното сослужување на заедничка литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, рече дека Соборот на Српската православна црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. - Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост - Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј. Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ му дал должност на Синодот, во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Потоа, додаде патријархот Порфириј, ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА. - Денес да се радуваме бидејќи денеска се радува целата црвка, се радуваат небото и земјата кога браќата се сакаат, кога го слават името на Господ, да се радуваме што по 55 години служевме света литуиргија прво во Белград, па во Скопје, два пати за само неколку дена, нагласи српскиот патријарх. Господ не поставил граници народот да се дели, продолжи во обраќањето патријархот Порфириј, туку границите значат можност секој народ подобро да се организира како свој посебен печат, посебни дарови што ги добил од Бога, ги умножувал, ја создал различноста и на секој му дал со свој личен печат да биде збогатен со другите, за да тогаш во заедница и убавина на сите народи сите да бидат едно. - Во едно сме единствени, во Христа сме едно, и навистина браќа и сестри, еден е Господ и една е црквата негова, една е верата наша и љубовта наша и затоа денеска неописливо се радуваме, бидејќи пред наши очи се случува чудо и ние сме дел сме од тоа чудо, учесници на тоа чудо. Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх. Пред неколку дена во Белград, денес во Скопје служевме света литургија, повтори патријархот Порфириј и во Белград каде што имаше повеќе илјада луѓе и овде каде што сме собрани денеска видов радост, љубов во очите на сите нас, гледам обврска задача и порака на нас архиереите, а тоа е дека вашата љубов и вашите молитиви во Белград и овде го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. - Да покаже дека разбираме дека сме едно, дека не можеме едни без други, дека сме едно тело, дека Христос е нашата нашата мерка и оти неговите заповеди се закон по кој сакаме да живееме. Дека тој е алфа и омега на нашето постоење и во историјата и во вечноста, додаде српскиот патријарх Порфириј. По објавувањето на радосната вест од страна на патријархот Порфириј, следеше долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. нд/мд/    

Остани поврзан