• понеделник, 23 декември 2024

Спреј за нос против Ковид-19

Спреј за нос против Ковид-19
Канбера, 29 септември 2020 (МИА) - Австралиската биотехнолошка компанија „Ена респиратори“ соопшти дека развива спреј за нос, со намена - зајакнување на имунолошкиот систем кај луѓето. Делува против настинка и грип, но се покажа и оти значително го намалува нивото на коронавирусот. Во соопштението се вели дека првичните резултати се од неодамнешното испитување врз животни, спроведено под покровителство на Агенцијата за јавно здравје на Англија. Тие покажаа дека производот ИНА-051, што може да се користи како додаток во вакцина, го намалува нивото на вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19 и до 96 отсто. Тестирањето на ИНА-051 врз луѓе ќе биде возможно за нешто помалку од четири месеци, а на тоа мора да претходи и одобрување на регулаторните тела. За развој на спрејот се вложени 8,24 милиони американски долари. Неколку компании ширум светот работат на развој на вакцина за коронавирус. Светската здравствена организација (СЗО) изрази стравување дека пандемијата може да убие два милиона луѓе, ако во блиска иднина не се најде соодветно средство за спречување на Ковид-19. си/ссм/

Остани поврзан