Спречен шверц на марихуана и огнено оружје од албанска на македонска територија
- Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Северна Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција.
Тирана, 5 јануари 2024 (МИА) – Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Северна Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција.
- Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско огнено оружје „Скорпион“ со муниција. Истите беа спакувана во две вреќи и ставени во патнички торби. Возилото е запрено во близина на Поградец а крајната дестинација на заплента била Северна Македонија, стои во полициското соопштение.
Се додава дека акцијата е дел мерките изготвени во рамки на оперативниот план „Владеење на правото“, за спречување, откривање и сузбивање на граничниот криминал.
Ова не е прв обид за шверц на марихуана од албанска на македонска триторија, од овој дел на Албанија, но најчесто нарко-шверцерите тоа се обидуваат да го направат со чамци преку Охридското Езеро.
Неодамна полицијата од Поградец запленети околу 30 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана со рибарски чамец, а на сопственикот за транспорт на дрогата требало да му платат по 500 евра по килограм. вт/цр
Фото: албанска полиција