• петок, 22 ноември 2024

Спречен обид за криумчарење четири употребувани мотоцикли и гуми за крос мотоцикли

Спречен обид за криумчарење четири употребувани мотоцикли и гуми за крос мотоцикли

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Царинската управа (ЦУ) спречи обид за криумчарење четири употребувани мотоцикли и друга стока која македонски увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави меѓу пријавената стока за царинење.

Како што велат од ЦУ, македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари. Меѓу непријавената стока се четири употребувани мотоцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари. 

-Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово. Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот, информираат од ЦУ.

Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик.вј/цр

Фото Царинска управа

Остани поврзан