• недела, 17 ноември 2024

Спречен меѓународен транспорт на дрога вредна 50 илјади евра, приведени две лица

Спречен меѓународен транспорт на дрога вредна 50 илјади евра, приведени две лица
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на 8 април е спречен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 50 илјади евра. Во соопштението од МВР се наведува дека се откриени 16 килограми марихуана која требало да биде транспортирана од земјава во соседна Грција. Дрогата била спакувана во 20 полиетиленски пакувања сместени во две торби. Приведени се две лица, 30-годишен жител на Валандово со иницијали Т.П. и 31-годишен жител на Гевгелија со иницијали Ј.Р. Запленети се две возила и неколку мобилни телефони. Денес од страна на СВР Струмица - ОВР Гевгелија до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава и лицата ќе бидат спроведени до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија. бак/дма/

Остани поврзан