• сабота, 23 ноември 2024

Спречена нелегална трговија со папагали

Спречена нелегална трговија со папагали

Скопје, 11 февруари 2024 (МИА) - Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава, соопштија денеска од Царинската управа.

Имено, царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот се пронајдени кафези со папагали. 

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што се соодветно згрижени. бт/нд/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан