• недела, 22 декември 2024

„Спотифај“ и Меган Маркл го прекинаа договорот за нејзината емисија

„Спотифај“ и Меган Маркл го прекинаа договорот за нејзината емисија

Лос Анџелес, 16 јуни 2023 (МИА) - Договорот на војводата и војвотката од Сасекс со „Спотифај“ доживеа крај откако интернет-емисијата на Меган Маркл не е продолжен за втората сезона.

Заедничката изјава на брендот на Меган, „Арчевел“ и „Спотифај“ гласи: „'Спотифај' и 'Арчевел аудио' спогодбено се разделија и ние сме горди на серијата што ја создадовме заедно“. Меган, инаку, беше домаќин на „Архетипи“ (назив инспириран од името на нејзиниот син Арчи), а емисијата траеше 12 епизоди, од август 2022 година. Меѓу гостите беа тенисерката Серена Вилијамс, пејачката Мараја Кери, Парис Хилтон и глумиците Минди Калинг и Констанс Ву.

Кон крајот на 2020 година, Хари и Меган потпишаа договор со стрим-платформата за интернет-емисии во облик на аудио-интервјуа, за којшто неофицијално се говореше дека вреди околу 25 милиони долари. Во декември, „Архетипи“ го освои признанието „Најдобар подкаст“ на американските награди „Пипл'с чојс авордс“ во Лос Анџелес.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан