• петок, 22 ноември 2024

Спортски самит: Претставување на спортските трендови и креирање насоки за подобрување на спортскиот систем

Спортски самит: Претставување на спортските трендови и креирање насоки за подобрување на спортскиот систем
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Со цел претставување на современите спортски трендови пред македонската јавност и креирање одредени насоки за подобрување на целокупниот спортски систем во државава, Здружение за развојни иницијативи ГИ ГЛОБАЛ го организира спортскиот самит „TODAY’S SPORT 2022“. Настанот ќе се одржи во Скопје, а ќе го отвори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и министерот за правда Никола Тупачески, воедно ќе говорат и претседателот на Олимписки Комитет на Северна Македонија Даниле Димевски, Горадана Лажетиќ и претседателот на Глобал, Иван Анастасовски. За реализација на таа цел, на спортскиот самит ќе бидат организирани повеќе тематски дебати, кои ќе ги водат спортски новинари. Во самите дебати се планирани учество да земат домашни и регионални експерти, градоначалници, претставници на спортски организации и спортски федерации, надлежните државни органи, универзитетски професори кои ќе дебатираат на споменатите теми за развој на спортот во нашата земја преку нови законски решенија за нов модерен спорт во нашата држава. Една од темите на кои ќе се говори е спортски имиџ на општините, а ќе учествуваат неколку скопски градоначалници. На манифестација ќе биде промовирана и книга со наслов „СПОРТ, ИДЕНТИТЕТ И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА“ , од повеќе автори и ќе се презентира истражување за начинот на финасирање на спортот во земјава. свс/вг/

Остани поврзан