• петок, 22 ноември 2024

Спортски подвиг на маратонецот Илиев во чест на 1000-годишнината од основањето на Бигорски

Спортски подвиг на маратонецот Илиев во чест на 1000-годишнината од основањето на Бигорски
Дебар,14 септември 2020 (МИА) - Продолжуваат спортските подвизи на македонски спортисти во чест на 1000 годишнината од основањето на Бигорскиот манастир, што се одбележува во ова господово лето. -Во низата спортски подвизи е и оној на познатиот македонски маратонец, 55-годишниот доктор Бошко Илиев,од Кавадарци, кој во чест на големиот јубилеј 1000 години од основањето на нашата светата обител, го преплива Дебарско Езеро, изјави отец Кирил. Илиев испливал седум километри, за околу три часа, од месноста Мелнички Мост па се до браната на ХЕ „Шпилје“. - Илиев нагласи дека оваа негова активност е и во рамките на одбележувањето на 1000-годишнината на манастирот Свети Јован Бигорски и додаде дека овој божји храм е прекрасен и годинава слави навистина голем јубилеј, додава тој. Илиев, инаку специјалист по спортска медицина досега има учествувано на повеќе од 90 маратонски трки во поширокиот Балкански регион, како и на повеќе езера во нашава земја. - Пред почетокот на пливањето го посети и манастирот ,,Свети Георгиј Победоносец” во дебарското село Рајчица,кој е метох на Бигорскиот манастир и се поклони на неговите мошти, примајќи голем благослов. Бог да го благослови заради неговиот подвиг и да му даде добро духовно и телесно здравје за нови спортски подвизи во слава на нашиот Бог, посочува отец Кирил. На крајот од маратонот доктор Илиев го пречека и градоначалникот на Дебар Хекуран Дука,кој исто така е лекар специјалист. вт/цр

Остани поврзан